Во првите осум месеци од годинава во компаниите во ТИРЗ се отворени над 1300 нови работни места со што продолжува трендот на раст на вработените од почетокот на годинава, покажува редовната анализа на ТИРЗ. Само во август во компаниите во зоните се отворени над 200 нови работни места со што вкупниот број на вработени порасна и достигна 15.328. Ова е за 8,5% повеќе споредено со истиот месец минатата година, односно за 16,5% повеќе во однос на август 2020 година, велат од ТИРЗ.
Позитивниот тренд на раст од почетокот на годинава продолжува и во однос на извозот и увозот. Заклучно со август извозот од ТИРЗ порасна и надмина 2,3 милијарди евра, што е највисоко ниво во последниве четири години споредено со истиот период. Извозот од јануари до август е за 13% повисок во однос на истиот период во 2021 односно 70% повисок во однос на 2020 и 25% и 48% повисок споредено со 2019 односно 2018 година. Само во август компаниите во ТИРЗ оствариле извоз од речиси 300 милиони евра што е за 8% повеќе од август минатата година.

