25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЏо Бајден ќе присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора

Џо Бајден ќе присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора

Претседателот на САД, Џо Бајден, денеска изјави дека ќе присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора.

„Да. Сè уште не ги знам деталите, но ќе одам“ – им кажа Бајден на новинарите за време на патувањето за Охајо.

Датумот и деталите за погребот на кралицата не се утврдени, но ќе бидат објавени „во догледно време“, информираат од Бакингемската палата.

Погребот се очекува да се одржи во следните 10 дена во Вестминстерската опатија во центарот на Лондон.

Бајден се сретна со кралицата трипати, последен пат во јуни 2021 година, кога таа им беше домаќин нему и на првата дама во замокот Виндзор за време на нивната посета на Велика Британија.

Претседателот на САД заедно со други светски лидери, на 19 септември е планирано да биде во Њујорк, на почетокот на Генералното собрание на ОН.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП