26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА4 совети за тоа како да заштедите електрична енергија

4 совети за тоа како да заштедите електрична енергија

Вниманието на јавноста изминативе денови беше насочено на тема поскапување на струјата, но и заштеди. А како да заштедиме струја?

Кога станува збор за домаќинствата, предложените препораки се однесуваат на порационално користење, пред се на електричната енергија.

Се препорачува да се користи бојлерот за подготовка на топла вода само кога е потребно, термостатот на бојлерот да се постави на температура до 60 степени, фрижидерот поставете го на 4°C, а замрзнувачот на -18°C за да се обезбеди оптимална потрошувачка, разумна употреба на уреди за греење во вашиот дом, во текот на денот користете го сонцето колку што е можно за осветлување, како и за загревање на просторот во грејната сезона, а во текот на ноќта спуштете ги ролетните и завесите, користете ја машината за миење садови и алиштата само кога се полни, бидејќи е многу поенергетска ефикасна, избегнувајте да ги сушите алиштата во машината за сушење. Потоа, треба да ја користите програмата на пониски температури на перење, бидејќи на овој начин можете да заштедите значително количество енергија.

Се советува да се готви во покриен сад бидејќи заштедува до 20% енергија, треба да користите и садови кои се пропорционални по големина на грејната површина за да избегнете губење на 20% енергија…

Ова се само некои мерки, а списокот е долг.

И кои други мерки ни се познати од поранои може да се применат:

Енергетско ефикасно осветлување

Исто така, една од предложените препораки е подигање на јавната свест за важноста на енергетската ефикасност, рационалното користење на енергијата.

За да заштедите струја, воопшто не е пожелно да имате лустери со обични светилки, туку се препорачува да бидат енергетски ефикасни светилки. Овие компактни флуоресцентни светилки се поскапи од традиционалните светилки, но тие се енергетски поефикасни.

Изберете штедливи светилки, но внимавајте и да не го оставате запалено светлото во просториите каде што не престојувате. Според пресметките, штедливите светилки трошат 4 пати помалку електрична енергија.

Уште подобра опција се LED светилките кои трошат помалку од стандардните штедливи светилки.

Полначи, компјутери, лаптопи…

Исклучете ги сите уреди (телевизор, полнач за телефон, компјутер) кога не ги користите и исклучете ги каблите од ѕидот бидејќи трансформаторите, на пример, трошат струја дури и кога не го полните телефонот.

Скринсејверот на екранот на компјутерскиот монитор троши исто количество енергија како кога нешто се прави на компјутерот. Подобро е да го исклучувате компјутерот секогаш кога не работите на него. И изберете монитор со рамен екран бидејќи LCD екраните користат третина од енергијата на CRT мониторите. И ако не ви треба голем десктоп, изберете лаптоп – тој штеди повеќе енергија.

Заштедете електрична енергија преку економични бели апарати

Се препорачува, за да може да се заштеди струја, да се купува бела техника од А или А+ класа – штедливите апарати ги намалуваат сметките.

Фрижидерите стари околу десет години во просек трошат речиси 400 киловат-часови годишно, додека постарите апарати бараат уште повеќе енергија.

Топлинската изолација на куќата влијае на помалите сметки

Кога ќе ја изолирате вашата куќа, ќе треба да потрошите многу пари, но тие брзо се враќаат преку заштедата на сметки. Според пресметките на некои експерти, ќе заштедите за една година и ќе ја исплатите инвестицијата. На овој начин ќе го спречите трошењето електрична енергија.

Ако имате проблеми со вратите и прозорците, можете да користите силикон или пена за да ги поправите и пополните дупките, а потоа студот што сте го постигнале, или топлината нема да излезе и затоа, сметката за струја ќе се намали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП