28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочнува одржувањето на отворените денови на тема ЕДНАКВОСТ И НЕДИСКРИМИНАЦИЈА

Започнува одржувањето на отворените денови на тема ЕДНАКВОСТ И НЕДИСКРИМИНАЦИЈА

Под мотото ПРЕПОЗНАЈ, ПРИЈАВИ, СПРЕЧИ ДИСКРИМИНАЦИЈА, во седум градови во Република Северна Македонија, ќе се одржат еднодневни настани, во форма на отворени денови, чија цел е едукација на граѓаните и граѓанките на темата еднаквост и недискриминација, но и преставување на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) како тело кое нуди заштита од сите типови на дискриминација.

Станува збор за настани од отворен карактер, каде претставниците/чките на Комисијата се отворени за дискусија со локалното население и ќе бидат подготвени да одговорат на сите прашања на присутните.

Важно е да ја подигнеме свесноста дека дискриминацијата е штетна за општеството, но и дека е забранета со закон и не треба да остане непријавена. Токму затоа ќе се зборува како да се препознаат формите на дискриминација, но и како да се пријави дискриминацијата. Важно е да научиме дека луѓето треба да ги почитуваме онакви какви што се, затоа што сите сме еднакви и имаме исти права.

Првиот настан ќе се одржи во понеделник, на плоштадот во Тетово, со почеток во 12 часот, а ќе го отвори  г. Игор Јадровски, претставник на Комисијата. Ги покануваме граѓаните и граѓанките на општина Тетово, да земат учество на овој еднодневен настан.

Настанот е финансиски поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП