21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVerizon со најголема понуда на корпоративни обврзници

Verizon со најголема понуда на корпоративни обврзници

verizon1

„Verizon Communication“ вчера започна со издавање на своите корпоративни обврзници. Со ова издавање американската телекомуникациска компанија има намера да собере најмалку 40 милијарди долари, а најмногу 49 милијарди долари. Сепак, беше искажан силен интерес на инвеститорите, кои дадоа налози за купување на обврзници со вкупна вредност од 90 милијарди американски долари.

Рејтинг оценката на „Fitch“ за обврзниците на „Verizon Communication“ е А-, со стабилен изглед, додека рејтинг оценката на агенцијата „Standard & Poor`s“ е БББ+.

Инвеститорите очекуваат принос од 5,21 проценти на обврзниците со рок на доспевање од 10 години, како и принос од 6,54 проценти на обврзниците со рок на доспевање од 30 години.

Ова е најголемото издавање на корпоративни обврзници досега, а зад него стои „Apple“ со своето издавање на обврзници во вредност од 17 милијарди амрикански долари.

„Verizon Communication“ се одлучи на овој чекор со цел да собере доволно свеж капитал за планираните инвестиции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП