7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ целосно го суспендира договорот за визно олеснување за руските граѓани

ЕУ целосно го суспендира договорот за визно олеснување за руските граѓани

Советот на Европската Унија денеска донесе одлука со која целосно се суспендира договорот за визно олеснување меѓу ЕУ и Русија.

Следствено, општите правила на визниот код ќе важат за руските граѓани, се вели во соопштението на Советот на Европската Унија.

Ова ќе резултира со зголемување на таксата за аплицирање за виза од 35 на 80 евра, потреба од доставување дополнителни докази, продолжен период на обработка на визите и порестриктивни правила за издавање визи за повеќекратни влезови.

„Договорот за визно олеснување обезбедува привилегиран пристап до ЕУ за граѓаните од доверливи партнери со кои споделуваме заеднички вредности. Со својата неиспровоцирана и неоправдана агресивна војна, вклучително и неселективни напади врз цивили, Русија ја изневери оваа доверба и ги прегази основните вредности на нашата меѓународна заедница. Денешната одлука е директна последица на руските дејства и дополнителен доказ за нашата непоколеблива посветеност на Украина и нејзиниот народ“, се наведува во соопштението.

Се очекува одлуката да биде објавена во „Службен весник“ на 9 септември 2022 година. Ќе стапи во сила со денот на донесувањето, а ќе се применува од 12 септември 2022 година“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП