3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ произведе рекордно количество струја од соларна енергија

ЕУ произведе рекордно количество струја од соларна енергија

Земјите на ЕУ летово произведоа повеќе соларна енергија од кога било досега, според студијата објавена во четвртокот од истражувачкиот центар Ember Climate.

Од мај до август, ЕУ произведе 99,4 терават-часови електрична енергија од сончева енергија, односно 22 теравати повеќе отколку во соодветниот период во 2021 година.

За толкаво количество електрична енергија од термоелектраните на гас, членките на ЕУ ќе треба да купат 20 милијарди кубни метри гас, за 29 милијарди евра по сегашни цени, се вели во извештајот што го пренесува ДПА.

Соларната енергија генерирала 12 отсто од целата електрична енергија во ЕУ, во споредба со девет отсто минатата година. „Во време кога гасната криза ја тресе Европа, соларната енергија го даде многу потребното олеснување“, рече Павел Чизак од „Ембер Климат“.

Истражувањето покажа дека 18 од 27 земји на ЕУ имале рекордно производство на соларна електрична енергија. Холандија е прва со учество од 23 отсто, пред Германија со 19 и Шпанија со 17 отсто во вкупното производство.

Полска најбрзо развива капацитет и производството на електрична енергија од сончева енергија е зголемено за 26 пати од 2018 година. Во набљудуваниот период учеството на сончевата енергија во производството во таа земја достигна осум проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП