5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТКој е Чарлс Трети, новиот крал на Велика Британија

Кој е Чарлс Трети, новиот крал на Велика Британија

Чарлс Трети, новиот владетел на Обединетото Кралство, има 73 години, најстариот од четирите деца на кралицата Елизабета Втора и нејзиниот сопруг принцот Филип, а тој е принцот со најдолг стаж во британската историја.

Кралот Чарлс, всушност, имал три години кога неговата мајка станала британска кралица на 25 години и со децении чекал тронот да му припадне.

Како британски престолонаследник, тој ја имал титулата принц од Велс и војвода од Ротези.

Роден е на 14 ноември 1948 година во Бакингемската палата како прв внук на кралот Џорџ Шести и кралицата Елизабета.

Дипломирал на Универзитетот Кембриџ и служел во Кралските воздухопловни сили и морнарицата од 1971 до 1976 година.

Тој се ожени со Лејди Дијана Спенсер во 1981 година и со неа има два сина – принцот Вилијам и принцот Хари. Двојката се разведе во 1996 година.

Дијана починала како последица на сообраќајна несреќа во Париз следната година, а Чарлс се оженил со својата долгогодишна партнерка Камила Паркер Боулс во 2005 година.

Како принц од Велс, тој извршуваше должности во име на кралицата Елизабета Втора и е покровител на повеќе од 400 добротворни организации.

Тој е познат како љубител на архитектурата и често ја нагласува важноста од зачувување на историски вредните градби, јавно се залага за органско земјоделство и „климатски промени“ и е автор или коавтор на голем број книги.

Во 2012 година и откри на јавноста дека навива за Барнли.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП