4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТОткриена болеста од која боледувала кралицата Елизабета Втора

Откриена болеста од која боледувала кралицата Елизабета Втора

Иако до вчера изгледаше максимално добро на своите години, денеска беше под строг надзор на лекарите, а целото семејство се собра во летната резиденција во Балморал. Дури и Хари и Меган го продолжија престојот во Британија и отпатуваа во Шкотска за да ја видат. Сепак, таа почина.

Некои портали наведуваат дека причина за се потешката здравствена состојба на кралицата може да биде и ракот. Приказните почнаа да кружат пред неколку месеци, кога дел од јавноста се запраша зошто нејзината рака била виолетова кога се сретнала со неколку истакнати личности во Виндзор.

Дали е возраста или нешто друго? Во интервју за една австралиска веб-страница, д-р Габријел Миркин рече дека тоа се всушност модринки кои можат да бидат симптом на леукемија.

„Кај постарите луѓе како неа, модринките не само што укажуваат дека нешто не е во ред со процесот на згрутчување на крвта, туку често се јавуваат како резултат на рак на крвта или малигни заболувања. Леукемијата може да биде причина“, вели д-р Миркин.

Третманот на таквите болести вклучува хемотерапија и зрачење, што би можело да објасни зошто Елизабет се повлече не само од јавноста, туку и од нејзината официјална резиденција, Бакингемската палата, во последните месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП