27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТПочина кралицата Елизабета Втора, Чарлс е новиот британски крал

Почина кралицата Елизабета Втора, Чарлс е новиот британски крал

Британската кралица Елизабета Втора почина денеска на 96-годишна возраст.

„Кралицата почина мирно во Балморал попладнево“, се вели во првата официјална изјава на кралското семејство на Твитер.

Исто така, се додава дека „Кралот и кралицата ќе останат вечерва во Балморал, а утре ќе се вратат во Лондон“.

Чарлс, синот на кралицата Елизабета Втора, која почина на 96-годишна возраст, е новиот британски крал.

Тој автоматски станува крал како најстар син на Елизабета II и не е потребно крунисување.

Последниот крал бил Џорџ VI, татко на Елизабета II. Во минатото, кралицата изрази желба Чарлс да го преземе Комонвелтот.

„Моја искрена желба е Комонвелтот да продолжи да нуди стабилност и континуитет за идните генерации и еден ден принцот од Велс да ја продолжи важната работа што татко ми ја започна во 1949 година“, рече Елизабета Втора пред четири години.

Да потсетиме, Чарлс (73) чекал со децении да стане крал и е принцот со најдолг стаж во британската историја. Тој е најстариот од четирите деца родени на кралицата и нејзиниот покоен сопруг, принцот Филип. Кога неговата мајка го презеде тронот на 25-годишна возраст, тој стана британски наследник на 3-годишна возраст.

Титулите на Чарлс вклучуваат принц од Велс, војвода од Корнвол, војвода од Ротези и Ерл од Керик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП