18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција нема да го оствари планираниот буџетски дефицит

Франција нема да го оствари планираниот буџетски дефицит

pjermoskovisi1

Францускиот министер за финансии Пјер Московиси денес изјави дека Франција нема да го оствари зацртаниот буџетски дефицит за оваа година, кој го бара Европската унија.

Дефицитот во буџетот оваа година ќе достигне 4,1 проценти, а со ЕУ беше договорено тој да изнесува 3,9 проценти, изјави Московиси.

Тој истакна дека, сепак, во 2014 година дефицитот ќе се намали на 3,6 проценти и дека Франција има намера да го намали под границата од три проценти, според правилата на ЕУ.

Во мај, Европската комисија одлучи на Франција да и даде дополнително време од две години за да го намали буџетскиот дефицит на ниво кое е дозволено во ЕУ.

Париз тогаш порача дека дефицитот од минатогодишниот кој изнесуваше 4,8 проценти ќе го намали на 3,9 проценти во оваа година, на 3,6 проценти во 2014 година и на 2,8 проценти во 2015 година.

Министерот за економија денес ја објави и намалената проценка за растот на француската економија за наредната година. Така, француската влада за 2014 година сега прогнозира раст од 0,9 проценти, додека минатогодишната прогноза изнесуваше 1,2 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП