26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали ја знаете разликата: Што е ајвар, што е пинџур, а што...

Дали ја знаете разликата: Што е ајвар, што е пинџур, а што малиџано?

Додека луѓето на Балканот сè уште дебатираат чиј е „правиот“ ајвар, странците не знаат по што точно се разликува од пинџур или, на пример од лутеница.

Токму затоа, Taste Atlas претстави графика на која се прикажани традиционалните намази од зеленчук приготвени во балканските земји – со нагласени состојките за подготовка за јасно да се видат разликите.

За почеток, ајварот се прави само од печена црвена пиперка.

Доматите, лутите пиперки и лукот одат во лутеницата, покрај пиперката. Пинџур е „слатка“ варијанта на лутеница и се прави од печени пиперки, домати и лук.

Кај нас помалку позната е закуска, романски есенски деликатес во тегла, направен од печен модар патлиџан, печени пиперки, лук и варени домати.

Малиџано е единственото во кое не преовладува црвената боја на пиперката. Карактеристично е за нашата земја и се меша со печен модар патлиџан, печена зелена пиперка, лук и сенф.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП