17 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ197. ден војна во Украина: Се водат борби по целата линија на...

197. ден војна во Украина: Се водат борби по целата линија на фронтот, Харков повторно гранатиран

Борбите се водат по целата линија на фронтот, соопшти Министерството за одбрана на Украина. Киев ја разгледува можноста за затворање на нуклеарната централа Запорожје и ги повикува жителите околу нуклеарната централа да се евакуираат.

Претседателот Володимир Зеленски објави дека некои населби во близина на Харков повторно се под контрола на Украина. Русија порача дека западните санкции се опасност за целиот свет и дека е можно договорот за извоз на жито да не биде продолжен.

ОН: Гутереш сака да помогне во ситуацијата во Запорожје

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш е подготвен да помогне во решавањето на ситуацијата околу нуклеарната централа Запорожје, изјави неговиот портпарол Стефан Дижарик.

IAEA: Оштетен е резервен далновод во гранатирањето на Запорожје

Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) објави дека вчерашното гранатирање оштетило резервен далновод во нуклеарната централа Запорожје во Украина, која веќе ги загубила сите четири редовни далноводи.

Путин: Ништо не изгубивме од почетокот на специјалната операција

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не изгуби и нема да изгуби ништо од почетокот на специјалната операција во Украина, наведувајќи дека благодарение на таа операција ќе биде отстрането се што ја спречува Русија да напредува.

Рогов: Демилитаризирајте го десниот брег на реките Днепар од каде пука Украина

Владимир Рогов, член на проруската администрација на регионот Запорожје, денеска повика на демилитаризација на десниот брег на Днепар, од каде, како што тврди руската страна, украинските војници ја гранатираат нуклеарната централа Запорожје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП