Ако садовите ги сушите или бришете со кујнска крпа, голема е веројатноста дека така им нанесувате микроби. Едно американско истражување докажа дека кујнските крпи имаат колиформни бактерии, кои инаку се наоѓаат во дигестивниот трект на луѓето и животните. Поради тоа, пешкирите и крпите треба да ги перете почесто отколку што мислите.
Пешкирите за лице и крпите треба да ги перете по секое користење, а пешкирите за туширање после секоја трета употреба.
Кујнски крпи

Ако за бришење на садовите користите крпи кои веќе еднаш сте ги користеле за истото, можно е на тој начин да нанесете милиони бактерии на садовите. Според експертите од Универзитетот во Аризона, кујнските крпи би требало да ги потопите во разреден обелувач по секоја употреба, а барем еднаш неделно да ги исперете во машина за садови.
Пешкири за туширање

Бидејќи пешкирите за туширање се подебели, тие собираат влага и брзо почнуваат да се замирисуваат. Експертите предлагаат пешкирите за туширање да ги перете по секое трето бришење со цел да ги отстраните десетиците милиони мртви клетки од кожата кои се наталожени на нив и да го избегнете непријатниот мирис.
Пешкири за лице

Нечистотијата и бактерииите лесно се таложат на пешкирите. Кога се миете, па лицете го бришете со веќе користен пешкир, повторно на кожата нанесувате нечистотија и бактерии од минатото бришење. Пешкирите за лице би требало да ги менувате и перете по секоја употреба ако не сакате бактериите да се префрлат во вашите пори кога по втор пат ќе ги употребите, советуваат дерматолозите.
Ако пешкирите ги користите само за тапкање со цел да ја соберете влагата од лицето, можете да ги употребите неколку пати, објаснува дерматологот, д-р. Ерик Швајдер. Но ако со нив ја отстранувате шминката, морате да ги перете по секое користење.