Ние не инициравме борбени дејствија, туку се обидуваме да ги запреме.
Ова го изјави претседателот на Русија Владимир Путин на Источниот економски форум што се одржа во Владивосток.
„Ништо не изгубивме, и нема да изгубиме. Главната работа е дека ќе добиеме – зајакнување на суверенитетот“, рече рускиот лидер, нагласувајќи: „Сè што е непотребно ќе биде отфрлено и ќе продолжиме напред“.
Според него, воените операции започнале во 2014 година по државниот удар на оние кои не сакале мирен развој и кои ги угнетувале обичните луѓе, вршејќи геноцид во Донбас.
„Русија одлучи да одговори со иста мерка како нашиот потенцијален противник – со вооружени средства“, додаде тој.
Како што наведе, помошта за жителите на Донбас е долг на Русија. „И ќе го исполниме до крај“, вети Путин.