18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаспродажбата ја намали пазарната капитализација на криптовалутите

Распродажбата ја намали пазарната капитализација на криптовалутите

Биткоинот кокетира со можноста да се врати на најниската цена за оваа година, откако распродажбата на криптовалутата ја турна вкупната пазарна вредност на секторот повторно под трилион долари.

Најсилната криптовалута досега оваа недела падна за повеќе од шест отсто и се тргуваше за околу 18.620 долари во 10:28 часот во Сингапур. Пазарната капитализација на крипто опадна за сличен процент во последните 24 часа, според CoinGecko.

Зголемените реални каматни стапки, кои се сметаат за вистинска цена на задолжувањето, вршат голем притисок врз голем број ризични средства, а криптото не е исклучок во овој поглед. Слабеењето на биткоинот го доближува до најниската вредност од околу 17.600 долари, која беше постигната во јуни, поради вишокот на крипто-заемодавци и хеџ фондови.

„Макро наративот е многу тешко да се игнорира и ќе влијае на ризичните средства“, изјави Кевин Лу, шеф за инвестиции во IDEG Asset Management, за ТВ Блумберг.

„Биткоинот е под 20.000 долари. Ние бевме во таква ситуација и порано, а вредноста веројатно би можела дополнително да падне“, додаде тој.

Во исто време, оптимизмот останува поради претстојната надградба на мрежата на Ethereum, за која некои аналитичари се надеваат дека ќе привлече нови инвестиции во етер и други дигитални средства.

„Биткоинот беше на 3.000 долари во првата крипто-зима и ако ги погледнете движењата од еден пад до друг, тенденцијата е да се движи нагоре, гледајќи на долг рок“, рече Лу.

Индексот MVIS CryptoCompare Digital Assets 100 на најголемите дигитални монети ослабе за околу 60 проценти оваа година. Биткоинот драстично падна од рекордното високо ниво од ерата на пандемијата од речиси 69.000 долари во ноември минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП