20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛука Дончиќ поднесе тужба против сопствената мајка

Лука Дончиќ поднесе тужба против сопствената мајка

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ во вторникот поднесе барање до Канцеларијата за патенти и трговски марки на САД (USPTO) во кое бара укинување на регистрацијата на трговската марка „ЛУКА ДОНЧИЌ 7“, која е во сопственост на неговата мајка Мирјам Потербин, соопшти познатиот американски новинар Марк Стајн.

Како што пишува „N1 Словенија“, поднесувањето е последниот чекор во повеќемесечниот напор на 23-годишната ѕвезда на Далас Маверикс да ја врати целосната контрола врз брендовите што го носат неговото име.

„Продолжувам да растам како играч и како личност, па затоа ми е важно да го контролирам сопствениот бренд“, му изјави меѓу другото Дончиќ на новинарот Стајн.

Почетокот на приказната и несогласувањето датираат од неговата прва сезона во НБА 2018/2019 година, кога и дал согласност на мајка си да го регистрира неговото полно име како заштитен знак.

По многубројните обиди и преговори за префрлање на контролата врз правата, преку адвокатската канцеларија „Браун Радник“, Дончиќ во јули 2021 година писмено објави дека сака да го откаже споменатиот договор.

До несогласувањето наводно дошло кога кошаркарската ѕвезда сакала да го регистрира името „ЛУКА ДОНЧИЌ“ како заштитен знак под своја контрола, но Канцеларијата за патенти на САД го одбила неговото барање поради постоечкиот „ЛУКА ДОНЧИЌ 7“. Од ова име неговата мајка Мирјам Потербин не сакала да се откаже.

Во тужбата, поднесена во име на кошаркарот од адвокатската канцеларија „Браун Радник“, се наведува дека Дончиќ не е поврзан со брендот „ЛУКА ДОНЧИЌ 7“ и дека не одобрува ставање на стоки и услуги под споменатото име.

За сите партнерства и договори во САД се грижи компанијата на Дончиќ „Luka99 Inc“, која поднела и барање за отповикување на согласноста на Миријам Потербин.

Според Стајн, Дончиќ повеќе не е поврзан со компаниите кои го поседуваат и продаваат брендот „LD77“ и управуваат со веб-страницата „lukadoncic.com“.

Според словенечката јавна евиденција (Ајпеш), со овие компании моментално заеднички управуваат 48. годишната Мирјам Потербин и директорот Борис Пожег, пишува „N1 Словенија“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП