26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа прекумерно греење, затвор до три години

За прекумерно греење, затвор до три години

Жителите на Швајцарија кои ќе ги прекршат најновите прописи за заштеда на енергија ќе се соочат со парични казни, па дури и три години затвор, пишува швајцарски Blick.

Температурата во зградите кои се греат на гас може да биде максимум 19 Целзиусови степени, а температурата на водата најмногу 60 степени.

Забранети се електрични греалки, а забрането е и греење на сауни и базени.

Според портпаролот на сојузното Министерство за финансии, Маркус Спорндли, дневната казна за прекршување на овие прописи е од 30 до 3.000 швајцарски франци.

Со казни се соочуваат и комуналните претпријатија кои вршат топлинска енергија доколку ги надминат доделените квоти за потрошувачка на гас.

Кантоните имаат рок до 22 септември да предложат мерки за спроведување на овие прописи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП