18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПСЖ го победи Јуве, рутина за Сити и Реал, Милан само со...

ПСЖ го победи Јуве, рутина за Сити и Реал, Милан само со реми во Австрија

Пари Сен-Жермен стигна до 2:1 победа над Јувентус во првото големо дерби во новата сезона од Лигата на шампиони, во кое Реал Мадрид и Манчестер сити стигнаа до убедливи гостински победи, но Милан одигра само 1:1 на гости во Австрија.

На „Паркот на принцовите“, првото полувреме помина во знакот на Килијан Мбапе, откако прво во 6. минута по прекрасната асистенција на Нејмар, а доминантната игра на парижани беше наградена и во 22. минута кога по убава акција, Мбапе го постигна и вториот гол. Меѓутоа, ситуацијата се смени по полувремето, и тимот на Макс Алегри намали на 2:1 во 56. минута, преку нововлезениот Вестон Меккени.

Во Глазгов пак, шампионите Реал Мадрид имаа лошо прво полувреме, во кое не само што немаше голови, туку и Карим Бензема мораше да биде повлечен од игра по половина час игра и заменет со Еден Азар поради повреда на коленото. Во второто полувреме, Винисиус Жуниор (56.), Лука Модриќ (60.) и Азар (77.) ја обезбедија победата за „кралевите“.

Лесно им беше и на Манчестер сити, за кои Ерлинг Халанд постигна два гола за 0:4 победа кај ослабената Севилја, но не и на Милан, кои губеа кај Ред Бул Салцбург со голот на Окафор во 28. минута, пред Салемекерс во 40. минута да израмни на 1:1.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1.КОЛО
ГРУПА Е
Ред Бул Салцбург – Милан 1:1
ГРУПА Ф
Селтик – Реал Мадрид 0:3
РБ Лајпциг – Шахтјор Доњецк 1:4
ГРУПА Г
Севилја – Манчестер сити 0:4
ГРУПА Х
Бенфика – Макаби Хаифа 2:0
ПСЖ – Јувентус 2:1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП