29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата падна на 93 долари

Цената на нафтата падна на 93 долари

Цените на нафтата паднаа на 93 долари на меѓународните пазари во вторникот, бидејќи загриженоста за побарувачката повторно преовладуваше кај инвеститорите поради мерките за спречување на коронавирусот во Кина и зголемувањето на каматните стапки во еврозоната и Соединетите Американски Држави (САД).

Цената на барелот на лондонскиот пазар по пладне беше пониска за 2,67 долари и изнесуваше 93,07 долари. На американскиот пазар со барел се тргуваше по цена за 26 центи пониска од петокот, по 86,61 долари.

Американските пазари беа затворени во понеделникот поради празник.

На почетокот на неделата цените беа поддржани со одлуката на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници благо да го намалат производството во октомври, за само 100.000 барели дневно.

„Одлуката да се откаже септемвриското зголемување на производството од 100 илјади барели дневно беше повеќе симболична отколку суштинска“, рече Крег Ерлам од ОАНДА.

Тој додаде дека ќе ги натера трговците двапати да размислат пред да ги намалат цените како што тоа го прават во последно време.

Во вторникот, трговците повторно се фокусираа на мерките за ограничување на коронавирусот во Кина и очекуваа зголемување на каматните стапки во еврозоната и во САД, што би можело да ја запре економијата и да ја намали побарувачката за нафта.

Европската централна банка (ЕЦБ) се очекува значително да ги зголеми каматните стапки на седницата во четврток. ФЕД во САД ќе одлучува за каматните стапки на 21 септември.

„Пазарот ги дозна вестите од ОПЕК + и фокусот привремено се префрли на економските и инфлаторните грижи, со два релевантни фактори, продолженото затворање поради коронавирусот во Кина и одлуката на ЕЦБ за каматните стапки во четвртокот“, рече Тамас Варга од PVM.

Тие несомнено ги поттикнуваат стравувањата од слаба побарувачка, додаде Варга.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП