19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза објави Билтен за месец август 2022

Македонска берза објави Билтен за месец август 2022

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.08 – 31.08.2022 година вкупниот промет изнесувал 328.505.177 денари и е намален за 23,70 отсто во однос на претходниот месец. 

Класичното тргување изнесувало 255.992.957 денари и е зголемено во однос на јули за 24,83 отсто кога изнесувало 205.067.875 денари. 

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 231.053.661 денари и обврзници во вредност од 24.939.296 денари.

Блок трансакциите во август изнесувале 72.512.220 денари и се намалени за 67,84 отсто во однос на јули.

Бројот на трансакции во август изнесувал 1.066 и е зголемен за 17,14 отсто во однос на јули кога изнесувал 910.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за август се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје и третото место го зазема НЛБ Банка АД Скопје.

Месечниот статистички билтен за август 2022 година можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП