понеделник, 28 ноември 2022
ПочетнаЕКОНОМИЈАСрпската влада забрани извоз на млеко, освен за Македонија и Албанија

Српската влада забрани извоз на млеко, освен за Македонија и Албанија

Владата на Србија, со цел да се овозможи редовно снабдување со млеко на населението и да се спречи одливот на суровини надвор од границите на земјата, донесе одлука за забрана за извоз на млеко, освен за Северна Македонија и Албанија.

Владата усвои измена на регулативата за ограничување на цената на основните прехранбени производи, која ќе важи до 30 септември.

Со измената цената на UHT-млекото со 2,8 отсто млечна маст во пакување од еден литар се ограничува на 128,99 динари.

Исто така, покрај ограничувањето на цената на млекото UHT, ограничени се и трговските маржи со цел да се спречат шпекулативни активности на пазарот, пренесе РТС.

„Владата на Србија продолжува со целосна будност да ја следи состојбата, при што ќе обезбеди доволни количини млеко за потребите на граѓаните“, се наведува во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП