3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе вклучи алармот во Виена: Се повеќе Австријци не можат да си...

Се вклучи алармот во Виена: Се повеќе Австријци не можат да си ги платат сметките!

Зголемувањето на цените и се поскапиот живот создаваат големи проблеми за се поголем број Австријци, а веќе 14 отсто од австриските граѓани веќе не се во можност да ги платат сите свои сметки.

Во август, според проценките, инфлацијата изнесуваше 9,1 отсто и за прв пат по 12 месеци стагнира на многу високо ниво, по долгиот тренд на континуиран раст. Истражувањето спроведено од Асоцијацијата на австриски трговци покажува дека 83 отсто од Австријците се загрижени поради порастот на цените.

Посебно е алармантно што се повеќе не можат да ги платат сите сметки. Така, 18 отсто од Австријците велат дека веќе не можат правилно да ги плаќаат ратите од кредитот, а 14 отсто тврдат дека не се во можност да ги платат сите достасани сметки.

Огромното мнозинство Австријци, односно 75 отсто, моментално купуваат поевтини намирници, а 19 отсто се ограничуваат на купување само на оние кои им се неопходни за живот.

Истражувањето покажува дека 52 отсто од Австријците изјавиле дека квалитетот на нивниот живот се влошил во споредба со времето пред бранот на поскапувања. Што се однесува до заштедите, Австријците штедат, на пример, избегнувајќи одење во ресторани (53 отсто), но и во ноќни клубови (42 отсто), кина (41 отсто). Што се однесува до купувањето, 41 отсто истакнуваат дека штедат при купување облека, а 34 отсто не купуваат мебел или украси.

„Поштедливиот пристап на граѓаните го чувствуваат пред се рестораните и трговците со стоки кои не се од конфекцискиот сектор“, посочува претседателот на Здружението на трговци Рајнер Веил.

Тој посочи дека истражувањето покажува колку е критична состојбата, а резултатот е двојно зголемување на бројот на стечајци.

„Доколку владата не преземе нешто итно, до 6.000 трговци ќе ги затворат своите продавници до крајот на годината“, предупредува Вил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП