2 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕрдоган „удри“ по ЕУ: „Жнеат тоа што посеаа“ со воведување санкции кон...

Ердоган „удри“ по ЕУ: „Жнеат тоа што посеаа“ со воведување санкции кон Русија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за енергетската криза во Европа ги обвини санкциите што европските земји ги воведоа кон Русија.

Тој додаде дека европските земји „го жнеат тоа што го посеале“ со воведување економски ограничувања на Русија, пишува Франс прес, цитиран од Индекс.

„Односот на Европа кон господинот Путин и санкциите што ги воведе го доведоа г-дин Путин, намерно или не, до точка каде што рече: „Ако го направите ова, јас ќе го направам ова“, рече Ердоган.

Тој користи се што има на располагање, вклучувајќи го, за жал, природниот гас“.

Да потсетиме, портпаролот на Путин вчера изјави дека „санкциите наметнати на нашата земја“ се виновни за прекинот на испораката на гас во Европа преку гасоводот Северен тек 1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП