29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Турција на рекордни 80,2 проценти

Инфлацијата во Турција на рекордни 80,2 проценти

Во Турција годишната инфлација во август достигна 80,2 отсто, што е за 0,5 отсто повеќе отколку во јули кога изнесуваше 79,7 отсто, објави турскиот државен завод за статистика.

Ова постави нов рекорд од 1998 година. На крајот на годината се очекува забавување на растот на цените, пишува See Biz.

Потрошувачките цени во Турција растат од март 2021 година, кога инфлацијата достигна 16,6 отсто.

Со оглед на тоа што растот на потрошувачките цени не скокна како во претходните месеци, може да дојде до ублажување на едногодишната инфлаторна криза.

Турција, која важи за стратешки важна земја во развој, инаку е потресена од економската криза. Таа беше погодена откако претседателот на земјата, Реџеп Таип Ердоган, се одлучи за експериментална политика за намалување на основната каматна стапка во борбата против високата инфлација. Повеќето од другите европски земји го одлучуваат токму спротивното, односно ги зголемуваат клучните каматни стапки.

Спротивно на популарната теорија, турскиот претседател инсистира дека заострувањето на монетарната политика со зголемување на каматните стапки не е рецепт за намалување на инфлацијата, поради што турската централна банка ја намали основната каматна стапка пет пати по ред минатата година и претходната година, што моментално изнесува 14 проценти.

Минатиот викенд турската централна банка објави дека инфлацијата ќе падне на 65 проценти до крајот на годината. Претседателот на државата оценува дека тоа ќе се случи дури во јануари.

Турското управување со економската криза се рефлектира и во падот на поддршката за владејачката партија на Ердоган АКП пред изборите во јуни 2023 година. Таа падна на историски минимум.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП