21 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на гасот во Европа се зголеми за 30 отсто поради прекинот...

Цената на гасот во Европа се зголеми за 30 отсто поради прекинот на „Северен тек 1“

„Газпром“ наведе дека при редовното одржување на гасоводот, откриено е истекување нафта на единствената работна единица во близина на Санкт Петербург, поради што е прекината испораката на гас за Европа преку „Северен тек 1“.

Цената на гасот во Европа денеска се зголеми за 30 отсто и надмина 2.850 долари за 1.000 кубни метри, откако целосно беше прекината испораката на Северен тек 1, пренесува ТАС С повикувајќи се на податоци на лондонската берза ICE.

Гасот за испорака во октомври се договара во центарот TTF во Холандија по цена од 2.853 долари за илјада кубни метри, што е 279 евра за мегават-час (MWh), по тековниот курс од евро-долар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар