10 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДали постојат потенцијални клиенти за вашата бизнис идеја?

Дали постојат потенцијални клиенти за вашата бизнис идеја?

potencijlni

Имате одличен нов продукт или услуга која ќе ги донесе луѓето на прагот на вашата врата. Но дали тоа е нешто што навистина луѓето го сакаат? Или нешто што вие мислите дека го сакаат?

Поседувањето добри информации за тоа што на вашите корисници им треба и сакаат да купуваат – наместо тоа што вие сакате да им продадете – може да ви заштеди многу пари, како и мир. Во прилог се четири начини како да размислувате покритички за вашата бизнис идеја пред да се најдете заглавени со продукти и услуги кои никој не ги сака:

1. Прифатете го пазарот како строг, но фер судија.

Доколку сте во бизнисот, едноставно треба да ја прифатите реалноста дека пазарот ќе го диктира вашиот успех. Затоа мора да се осигурате дека бројките ја поддржуваат вашата идеја. Соберете повеќе информации за:

– Приходите од вашата категорија на локалниот, регионалниот и националниот пазар

– Дознајте колкава е целата конкуренција

– Заклучете дали пазарот е нов и растечки или статички и веќе созреан

Откако подобро ќе ја погледнете реалноста на пазарот, ќе можете да донесете подобри одлуки и ќе најдете покреативни начини за тоа како и вие да се приклучите.

2. Одберете докажани категории, потоа најдете ја вашата улога

Ќе се изненадете од тоа колку проблеми постојат кои треба да се решат и колку услуги корисниците бараат. Со добар план и продукт, можете брзо да пораснете и да се одвоите од конкуренцијата. Можете да бидете “одредувачи на цената” со профитабилни маргини, а не само “следачи” на кои ќе понудат пониски цени и граници. Плус, ќе бидете лидер во помалку конкурентен простор.

3. Фокусирајте се на вашиот профит, не на поголем дел од глобалниот пазар

Привлекувањето нови корисници, и закупувањето на маркетинг простор е најскапиот начин за да го изградите вашиот бизнис. Од друга страна, редовните и лојани клиенти ви овозможуваат да ги смените вашите цели од “Како да привлечам нови клиенти” во “Како најдобро да ги услужам моите клиенти, и колку долго можам да ги задржам?”

Многу често ова е добра стратегија, затоа што тоа е еден вид осигурителна полиса за вашата маркетинг програма, затоа што е многу поевтино да продадете на веќе постоечки клиенти отколку да се впуштате во потрага по нови. Размислете за тоа како можете да ги задржите клиентите за повеќекратна соработка за да можете да добиете експоненцијален поврат на вашите иницијални маркетинг средства и инвестиции.

4. Ставете ги вашите идеи на тест

Постојат повеќе начини за да ги тестирате вашите идеи. Истражете го пазарот. Пуштете збор за вашата идеја кај потенцијални клиенти и корисници. Слушнете ги нивните совети. Прашувајте. Направете веб страна и проследете ја реакцијата на луѓето. Не се вљубувајте во вашата идеја надевајќи се дека светот ќе ве следи. Наместо тоа заљубете се во најдобрата идеја која ќе работи најдобро и за вас и за вашиот бизнис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП