19 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКако „Swarovski“ стана милионер

Како „Swarovski“ стана милионер

swarovski

Порано „Swarovski“ беше познат по колеционерските фигури и по фустанот со 10.000 кристали во кој Мерлин Монро му пееше роденденса песна на Џон Кенедеи.

Денес „Swarovski“ е водечки светски произведувач на брусени кристали и поседува 2.200 продавници ширум светот, а неговите кристали ги красат и креациите на Армани.

Зелен рид во облик на глава, со очи од кристал и водопад кој излегува од устата, претставува „чувар“ на музејот „Swarovski“ кој се наоѓа во австралискиот алпски град Ватенс.

Зад него се сместени 14 подземни комори за обработка на кристали, меѓу кои и најголемиот во светот.

Како што забележува агенцијата „Blumberg“, музејот е вистинска историска „битка“ на компанијата помеѓу желбата да работи во тајност и потребата за публицитет.

Даниел Сваровски фирмата ја основал во овој алпски град во кој има околу 8.000 жители, со цел да ги сокрие своите техники на брусење од конкуренција.

Еден век подоцна неговиот внук Гернот Сваровски, стана милијардер постигнувајќи сензационален напредок во областа на трговијата и влез во светот на вискоката мода.

„Успеаа да се пробијат на пазарот за луксузни производи, но истовремено и да останат на пазарот на производи кои се достапни за сите“, изјавува за „Bloomberg“, Рајнхард Бергер, претседател на инвестициската компанија „Valuga“ од Лихтенштајн, која секоја година објавува извештај за богатството во Австралија, Германија и Швајцарија.

Тој истакнува дека баш тој „ликсуз за маса на луѓе“ е клуч до успехот на брендот „Swarovski“.

Групацијата „Swarovski“ во 2011 остварила профит од 2,87 милијарди евра, а во 2009 година остварениот профит изнесувал 2,25 милијарди евра.

Речиси 80 отсто од продажбата се остварени преку продажбата на кристали, половина од нив доаѓаат од партнерствата со модните дизајнери. Другата половина од малопродажба, бизнис кој постојано се шири откако е отворен првиот бутик на „Swarovski“ во 1998 година.

Сопственост врз компанијата имаат дури 100 членови од семејството на „Swarovski“, а најголем дел, 21отсто, поседува Гернот (69 години), во вредност од 1,3 милијарди долари, според листата на милијардери на „Bloomberg“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП