Светската автомобилска елита ќе биде дел од ЕКО Акрополис Рели (EKO Acropolis Rally), што ќе се одржи во Централна Грција од 8 до 11 септември. Втора година по ред ЕКО Акрополис Рели (EKO Acropolis Rally) е дел од годишниот календар на ФИА Светското првенство во рели (FIA World Rally Championship) кое е највисокото интернационално натпреварување во оваа автомобилска дисциплина.
Главен спонзор на ова историско рели е ЕКО Грција, подружница на групацијата Хеленик Петролеум, на која припаѓа и компанијата ОКТА АД – Скопје. ЕКО има долгогодишната соработка со Акрополис Рели која трае повеќе од 10 години. Оваа година ЕКО ќе биде и главен спонзор на ЕКО супер специјалната рута (EKO Super Special Stage), која ќе се одржи на 8 септември, на Олимпискиот стадион „Спиридон Луис“ во Атина, веднаш по официјалното отворање на настанот. Организаторите очекуваат полн стадион кој може да собере 70.000 публика.

