4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТСилен земјотрес ја погоди Кина

Силен земјотрес ја погоди Кина

Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди планинската област западно од кинеската провинција Сечуан, соопшти Кинескиот центар за земјотреси.

Епицентарот на земјотресот бил во градот Лудинг на длабочина од 16 километри, соопшти центарот, на околу 180 километри југозападно од главниот град на Сечуан, Ченгду.

Корисниците на интернет од далечните како Чангша и Ксиан рекоа дека го почувствувале земјотресот.

Неколку минути подоцна, втор земјотрес со јачина од 4,2 степени го погоди градот Јаан во близина на Лудинг.

Засега нема извештаи за жртви.

Во 2013 година Јаан беше погоден од силен земјотрес, при што загинаа повеќе од 100 луѓе, а илјадници беа повредени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП