22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Велика Британија изнесува 7,7 %

Невработеноста во Велика Британија изнесува 7,7 %

velikabritanija1

Британскиот завод за статистика објави податоци според кои стапката на невработеност во таа земја за периодот од мај-јули изнесува 7,7 проценти. Ова претставува намалување на стапката на невработеност за 0,1 проценти во споредба со периодот од февруари-април оваа година.

Во тој период бројот на невработени лица е намален за 24,000. Истовремено, бројот на луѓе кои бараат заем за невработени е намален за 32,600, што е најнискиот број од 2009 година.

Според истиот извор, бројот на вработени во Велика Британија денес изнесува околу 30 милиони.

Неколку месеци откако официјално започна рецесијата во 2008 година, беше забележан и растот на невработеностa во Велика Британија. До крајот на 2009 година, стапката на невработеност достигна ниво од осум проценти или повеќе од 2,5 милиони лица без работа.

Најголемата стапка на невработеност во последните 17 години беше забележана на крајот на 2011 година, кога речиси 2,7 милиони лица во оваа земја немаа работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП