26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСијарто: Гаспром е доверлив партнер, ќе го испорача целиот договорен гас во...

Сијарто: Гаспром е доверлив партнер, ќе го испорача целиот договорен гас во Унгарија

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека рускиот енергетски гигант Газпром е доверлив партнер и дека руската страна најавила дека ќе ги испорача сите договорени количини гас на Унгарија дури и во случај на технички проблеми со северните и западните рути на испорака.

„Во однос на доверливоста на Гаспром, мора да се потпреме на искуството. Досега Гаспром беше сигурен кон Унгарија. Треба да се нагласи дека договорената сума пристигнува секојдневно по јужната рута“ – изјави Сијарто.

Тој додаде дека не треба да се смета на тоа дека Гаспром ќе го прекине снабдувањето и дека Унгарија нема да добие гас, иако и тоа е реална можност.

Малку порано Сијарто изјави дека е потпишан договор со Гаспром, според кој од 1 септември преку „Турски поток“ и Србија ќе одат дополнителни 5,8 милиони кубни метри гас.

Во септември минатата година Унгарија и Гаспром потпишаа договори за испорака на 4,5 милијарди кубни метри гас годишно во следните 15 години, од кои 3,5 милијарди кубни метри ќе доаѓаат преку Србија, а една милијарда од Австрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП