6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУнгарската инфлација најниска од 1974

Унгарската инфлација најниска од 1974

ungarija1

Годишната стапка на инфлација во Унгарија значително се намали во август, односно на 1,3 проценти од 1,8 проценти кои беа забележани во јули, што е најниското ниво од јуни 1974 година.

За ова најмногу придонесоа ниските цени на комуналните услуги, гасот и струјата, соопшти унгарската канцеларија за статистика, пренесува Франс прес.

Од јануари, унгарската влада ги принуди дистрибутерите на енергија да ги намалат малопродажните цени на гасот, струјата и греењето за десет проценти.

Изненадувачкиот пад на инфлацијата, според аналитичарите, би можел да ја охрабри централната банка да продолжи со намалувањето на референтната каматна стапка, и покрај флуктуациите на меѓународните пазари на капитал и растечките камати на обврзниците во многу земји во развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП