27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТКурти: Над 200 судии изрекле само условни и парични казни за силување

Курти: Над 200 судии изрекле само условни и парични казни за силување

Косовскиот премиер Албин Курти рече дека податоците покажуваат дека досега околу 200 судии изрекле само условни и парични казни за случаи на сексуално насилство или дозволиле да истече застареноста во случаите на сексуално насилство.

На прес-конференција тој рече дека во 85 отсто од случаите на сексуално насилство жртви биле малолетни девојчиња. Курти посочи дека околу 140 обвинители, од вкупно 200 во Косово, дозволиле застареност на случаите на сексуално насилство.

„Во повеќе од 85 проценти од овие случаи биле вклучени малолетници. 140 обвинители дозволија застареност во случаите на сексуално насилство. Замислете дека повеќе од 200 судии, повеќе од половина од судиите во Косово, изрекоа само условни и парични казни“ – рече Курти.

Тој побара да се преземат мерки против оние кои не ја извршуваат својата должност и истакна дека за ова е неопходен процес на верификација во судството.

Министерството за правда, пак, денеска до косовскиот Парламент достави досие за процесот на верификација во правосудството, во кое има предлог за уставни измени, предлог закон за верификација, концепт документ за верификација, со образложение за процесот на верификација.

Обвинителскиот совет на Косово и државниот обвинител ги отфрлија како неточни изјавите на премиерот на Косово. Наведуваат дека од 2017 година до првата половина на 2022 година, четири случаи поврзани со сексуално насилство застареле.

„Обвинителскиот совет и државниот обвинител повторно изразуваат длабока загриженост во врска со континуираното рециклирање на непромислените, непроверени изјави за обвинителскиот систем, кои се даваат само за политичка агенда од страна на премиерот на Владата на Косово. Имено, овие јавни изјави на премиерот и министерот за правда во врска со застареноста на случаите на сексуално насилство во обвинителството се целосно демантирани со официјалните извештаи на обвинителскиот систем“ – се наведува во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП