20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФерстапен недостижен пред 100.000 холандски фанови, тактички грешки на Мерцедес и Ферари

Ферстапен недостижен пред 100.000 холандски фанови, тактички грешки на Мерцедес и Ферари

Асот на Ред бул, Макс Ферстапен чекори кон одбрана на светската титула во Формула 1 шампионатот по доминантата победа пред неговите 100 илјади фанови во Цандфорт, триумфирајќи пред Џорџ Расел во Мерцедес и Шарл Леклер во Ферари, откако нивните тимови не реагираа најдобро на променливиот тек на трката.

Ферстапен успеа да ги остави зад себе Шарл Леклер и Карлос Саинс Јуниор на стартот, по што ги преброди сите случувања зад него и со интересна тактика да стигне до убедлива победа. Ферари, од друга страна, направија несфатлива грешка, кога при првото влегување во боксот, не беше подготвена една гума за Карлос Саинс, уништувајќи му ги шансите за борба со Ферстапен, а потоа и двата болиди на Мерцедес успеаја да дојдат пред возачите на Ферари.

Во финишот на трката, на осум круга пред крајот болидот на Валтери Ботас застана на стартнто-целната рамнина, а по излегувањето на безбедносното возило, Луис Хамилтон стана лидер, откако Мерцедес решија да го остават на стари гуми, зад Ферстапен и колегата Џорџ Расел (кои влегоа во боксот). Веднаш по рестартот, Ферстапен лесно го помина, а истото го направија и Расел и Леклер, на што Британецот луто реагираше преку радиото.

На крајот Хамитон заврши како четврти, пред Серхио Перез, Фернандо Алонсо во Алпин, Лендо Норис во Мекларен, Карлос Саинс Јуниор во второто Ферари (поради казната од 5 секунди за небезбедно излегување од бокс), Естебан Окон (Алпин) и Ленс Строл (Астон Мартин).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП