1 мај, 2024
ПочетнаТОП ВЕСТИЦената на златото стагнира

Цената на златото стагнира

Цената на златото стагнира и се движи неодлучно во мали размери околу најниското ниво во последните три недели

kipar-zlato

Цената на златото се движи помеѓу малите загуби и добивки, околу најниското ниво за последните три недели, после спласнувањето на загриженоста од воената интервенција врз Сирија.

На Њујоршката берза, златото за испорака во декември се спушти на 1360,97 долари за унца.
Поддршката најверојатно ќе се пронајде на 1351,90 долари за унца, дното од 20-ти август и отпор на 1399,40, врвот од 5-ти септември.
Претседателот на САД Барак Обама, по обраќањето кон нацијата изјави дека побарал од конгресот одложување на гласањето за превземање на воена акција против Сирија, што доведе до смалување на побарувачката за скапоцениот метал.
Инвеститорите се и понатака фокусирани на состанокот на федералните резерви на 17-ти и 18-ти септември, а се очекува дека централната банка на САД ќе го намали обемот на купување на обврзници на месечно ниво.
Инвестиционата банка “Goldman Sachs” објави дека очекува цената на златото да падне во 2014-та година со оглед на забрзаната активност на САД за заоштрувањето на монетарната политика.
Банката проценува дека за 12 месеци цената ќе достигне до 1175,00 долари за унца.
Цената на среброто за испорака во декември порасна на 23,08 долари за унца злато, додека бакарот за испорака во декември се искачи на 3.278 долари за фунта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП