6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстријците задоволни од бизнис климата во Македонија

Австријците задоволни од бизнис климата во Македонија

austria

Атрактивноста на Македонија како дестинација за странски директни инвестиции е добра и задоволителна, оценуваат австриските компании кои работат во земјава. Посочуваат дека Македонија има направено многу во подобрување на бизнис климата, но дека се уште има некои работи кои треба да се подобрат.

– Австрија е втор странски инвеститор во Македонија со 485 милиони евра и е активен во многу индустрии. Во земјава се основани 45 компании од Австрија кои најмногу работат во услужниот сектор, рече на денешната прес-конференција Герхард Шлатл од трговското аташе при Австриската амбасада, кој најави дека интерес има и за нови инвестиции, односно дека се разговара со 2-3 компании за влез на македонскиот пазар.

Посочи дека не може да се очекува да се големи производствени објекти, но додаде дека и оние во услужниот сектор вработуваат многу луѓе. Очекува да се пројави интерес за инвестирање и од присутните компании на одржаниот бизнис форум во Виена, минатата недела на кој беа претставени бизнис можностите во Македонија.

Австриските компании кои работат во Македонија, според анкетата спроведена во летниот период, посочиле дека се со пооптимистички погледи за економската состојба во наредната година, изразуваат оптимизам во поглед на ситуацијата во нивниот сектор и економската ситуација во секторот, особено очекуваат подобрување на состојбата во делот на инвестициите, бројот на вработените и прометот.

Како што рече Шлатл, австриските инвеститори забележуваат дека треба да се подобри состојбата во делот на плаќањата, повратот на ДДВ, инфраструктурата, работата на администрацијата и бирократијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП