18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМедведев: Тетка Фон дер Лајен сака да ја ограничи цената на рускиот...

Медведев: Тетка Фон дер Лајен сака да ја ограничи цената на рускиот гас. Едноставно е, нема да има повеќе руски гас во Европа

Поранешниот претседател на Русија и заменик-шеф на Советот за национална безбедност, Дмитриј Медведев, ја коментираше одлуката на земјите од Г7 да го поддржат воведувањето ценовни ограничувања за увозот на руски гас.

Одлуката на најбогатите земји наиде на големо незадоволство кај руските функционери, меѓу кои и самиот Медведев, кој рече дека таквиот потег може да создаде дополнителен проблем, особено ако Европската унија одлучи официјално да воведе таква одлука.

„Дојде време Европската унија да воведе горна граница на цената на гасот што се увезува од Русија. Така рече тетка Фон дер Лајен. Едноставно е, ќе биде исто како и со нафтата. Нема да има повеќе руски гас во Европа“, рече Медведев.

Да потсетиме, откако земјите од Г7 ја поддржаа одлуката за воведување горна граница на цената на руската нафта и гас, овој потег го поддржа и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Работевме напорно за да ја прекинеме нашата зависност од рускиот гас со тоа што ќе се свртиме кон други добавувачи. Како резултат на тоа, Норвешка сега и испорачува повеќе гас на Европа отколку Русија. Исто така, САД ја снабдуваат Европа со значителни количини течен природен гас“, рече таа.

Покрај ограничувањето на горната цена на нафтата и гасот, министрите на земјите од Г7 ја потврдија намерата да го забранат поморскиот транспорт на руска нафта и нафтени деривати доколку не се купат по ограничена цена.

„Земјите од Г7 потврдија и дека, покрај ограничувањата за нафтата, ќе развијат механизми кои ќе им овозможат на ранливите земји да го задржат пристапот до енергетските пазари, вклучително и Русија“, пишува руската агенција РИА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП