25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Гаспром“: Утре сепак нема да пуштиме гас за Европа

„Гаспром“: Утре сепак нема да пуштиме гас за Европа

И покрај најавите дека утре ќе продолжи испораката на гас кон Европа, рускиот енергетски гигант „Гаспром“ објави дека сепак нема да испушта гас преку гасоводот Северен тек 1.

Пред неколку дена „Гаспром“ ја прекина испораката на гас преку Северен тек 1, со образложение дека ќе ја продолжи в сабота. Сепак, тоа нема да се случи.

„Гаспром“ наведува дека турбината не може да работи безбедно додека не се реши истекувањето и не даде временска рамка за тоа кога гасот би можел повторно да почне да се движи низ гасоводот, што се очекуваше да се случи утре, по тридневното прекинување на одржувањето.

Од компанијата велат дека поправката на истекувањето на нафта од турбинските мотори е можно само во специјализирани капацитети, а Русија претходно тврдеше дека нивната работа е попречена од западните санкции. Снабдувањето со гас ќе биде прекинато додека не се отстрани дефектот, се вели во соопштението на „Гаспром“.

„Гаспром“ го откри дефектот на турбината истиот ден кога членките на Г7 објавија дека ќе воведат ограничување на цената на руската нафта.

Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија воопшто нема да продава нафта на земјите што ќе се одлучат на таков потег.

Извори запознаени со плановите на „Гаспром“ претходно денеска изјавија дека компанијата се подготвува утре да продолжи со испораките на гас преку гасоводот „Северен тек 1“, кој минува под Балтичкото Море и ги снабдува Германија и другите земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП