7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавата на обвинителен стол, работниците си го бараат своето!

Државата на обвинителен стол, работниците си го бараат своето!

Како што Денар објави пред извесен период дека синдикалците ќе ги превземат сите механизми за работниците да не бидат оштетени од актуелната власт, така и направија. Сојузот на синдикати на Македонија ја тужи државата пред Основниот граѓански суд Скопје. Според синдикалците Владата не постапи во целост согласно Закон за измени и дополнување на Законот за минимална плата со кој е  утврдена  висината на минималната плата во износ од 18000 денари во нето износ, што преставува зголемување од 18,4% во однос на вредноста на предходната минимална плата. Синдикалците за Денар велат, кога властите не го почутуваат трудот на работниците, државата двојно ќе ја чини.

Сојузот на синдикатите на Македонија поднесе Тужба од јавен интерес против, Владата како тужен во постапката поради непостапување со што се дискриминирани голем број на вработени во јавниот сектор. Согласно член 8 од Законот за минимална плата потребно беше да се усогласат платите на сите вработени со порастот на минималната плата. Владата не го направи тоа за сите вработени во јавниот сектор, односно паушално и без критериуми платите некаде не се зголемуват воопшто, а некаде се зголемуваат за одредени категории на вработени наспроти други категории на вработени во јавниот сектор за кои Владата е непосреден работодавач.

„Постапувајќи на овој начин Владата го наруши принципот на еднаквост на граѓаните и работниците кој е уреден во член 9 од Уставот на Република Северна Македонија во однос на остварување на нивните права и обврски кои произлегуваат од работниот однос. Токму почитувањето на принципот на еднаквост и недискриминација при остварување на работничките права како најзначаен дел од граѓанските права претставуваат показател дали една држава е демократски ориентирана и искажува еднаква грижа без дискриминација кон сите свои граѓани и работници“, велат од ССМ

Синдикалците напоменуваат дека правото на „достоинствена заработувачка, е едно од основните човекови права. Правото на „соодветна заработувачка” е и уставно загарантирано право во Македонија, Од 2012 година, ова право, се стекнува со дополнителна поткрепа, преку усвојувањето на Законот за минималната плата. Проблематично за синдикалците е тоа што неусогласувањето на колективните договори со Законот за минимална плата, односно одбивањето на Владата да се вклучи во суштествен социјален дијалог за зголемување на останатите плати пропорционално со зголемувањето на минималната плата е причина и за генералениот штрајк во цел јавен сектор кој веќе трет месец трае. ССМ додава дека владата добро знае дека е должна да постапи и да го примени член 8 од Законот за минимална плата и да ги зголеми платите за износот утврден во последното зголемување на минималната плата за сите вработени во јавниот сектор без дискриминација.

„Во приватниот сектор особено каде што ССМ има синдикати, приватните работодавачи постапувајќи по законот ги усогласија колективните договори и ги зголемија платите на своите вработени, а истото го сторија и општините, градот Скопје и јавните претпријатија основани од општините и Градот Скопје, а останаа уште оние работници за кои е надлежна Владата како вработените во дел во министерствата и јавните претпријатија за кои е основач Владата. На овој начин Владата на Република Северна Македонија како тужена во постапката го повреди правото на еднаков третман и со пропуштање на дејствија и нивно непреземање го повреди правото на еднаквост со што прави дискриминација кон своите вработени.“

Дополнително, со поднесувањето на оваа Тужба, ССМ ќе ги искористи и сите други достапни механизми и ќе поднесе соодветни Тужби и пријави пред меѓународните институции за што веќе добиваме помош и поддршка од Европската конфедерација на синдикатите. Овој потег доаѓа по игнорантскиот однос како што велат до Илинденска број два. Синдикалците со месеци протестираа во Скопје и во останати поголеми градови но од Владата не добија остварување на нивните барања.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП