4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманските аеродроми парализирани, владее целосен хаос: Луѓето заробени поради штрајкот!

Германските аеродроми парализирани, владее целосен хаос: Луѓето заробени поради штрајкот!

Хаос на германските аеродроми поради штрајкот на Луфтханза.

Поради штрајкот на пилотите, Луфтханза во петокот ги откажа сите летови кои полетуваа од Германија, со што беа погодени над 130.000 патници, додека сите патници на кои им беше откажан лет ќе имаат право на надомест до 600 евра. Синдикатот на пилотите е на удар на критики поради штрајкот за време на викендот кога завршува училишниот распуст во многу држави. Патниците на интерконтиненталните летови кои патувале преку Германија до една од европските дестинации останале на аеродромите во Франкфурт и Минхен или, доколку крајната дестинација е во близина, биле пренасочени кон железничкиот сообраќај.

„На аеродромот во Јоханесбург настана хаос бидејќи никој не знаеше дали патувањето по Германија ќе продолжи до крајната дестинација“, изјави еден патник кој требаше да лета за Амстердам. Синдикатот VC (Vereinigung Cockpit) ги повика пилотите на Луфтханза на еднодневен штрајк откако раководството на компанијата не понуди соодветно зголемување на платите. Синдикатите бараат вкупно зголемување од 16 отсто.

„Германија се наоѓа во економски чувствителен период. Конфликтите меѓу работодавците и синдикатите треба да се решаваат на преговарачка маса, а не на грбот на патниците“, рече Мерц. Раководството на Луфтханза соопшти дека сега сите напори се насочени кон тоа штрајкот во петок да не се одрази негативно на викенд сообраќајот, но тоа, како што е најавено, нема да може да се избегне.

Бидејќи овој штрајк не се однесува на „вонредни околности надвор од контрола на Луфтханза“, сите патници чиј лет е откажан имаат право на компензација до 600 евра. Ова е втор голем штрајк во Луфтханза ова лето. На крајот на јули, штрајкот на персоналот на Луфтханза резултираше со откажување на голем број летови среде празничната сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП