Премиерот на Албанија, Еди Рама посочи дека во светот се прават планови да се затвораат бизниси поради високите цени на струјата, но и недостатокот од струја за време на зимата. Тој упати порака и до ЕУ: „Немојте да ја направите истата ситуација како во пандемијата, кога Балканот сам трчаше да бара вакцини, а вие се затворивте“.
„Се прават планови за кратење на електричната енергија, кои изгледаат како да се излезени од поглавијата на некои од книгите на Сарамандес, а не од ЕУ. Тоа се планови кои што содржат исклучување на електричната енергија, на уличното осветлување, на светлата во дуќаните, тоа значи дека ќе има затворање на ресторани, кафитерии, клубови. Тоа значи затворање на животот во 10 часот, исто како што беше за време на пандемијата, за да штедиме електрична енергија. Зборувавме што ќе нѐ чини тоа, како можеме да олесниме на граѓаните“, кажа Рама.

