23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Nissan“ ја стопира продажбата на „Leaf“ и ја зголемува цената

„Nissan“ ја стопира продажбата на „Leaf“ и ја зголемува цената

Јапонскиот производител „Nissan“ објави дека престанува да прима нарачки за својот најпопуларен електричен модел „Leaf“. Причината е добро позната – немање чипови и пореметувања во синџирот на снабдување што ја зафати целата автомобилска индустрија.

Нарачките ќе завршат на 22-ри септември, објави „Nissan“. Сепак, не се знае колку ќе трае паузата. Во исто време, компанијата ќе ги зголеми цените на „Leaf“, бидејќи ги зголемува цените на суровините потребни за производство на батерии за електрични возила.

Во моментов цената на „Leaf“ на јапонскиот пазар започнува од 3,7 милиони јени, што е околу 26.500 американски долари. Електричниот хечбек ужива огромна популарност и дома и на другите пазари ширум светот, каде што до неодамна беше лидер во продажбата.

Според последните информации, „Nissan“ планира да се откаже од „Leaf“ во 2025-та година, кога ќе стави крај на животниот век на актуелната генерација на моделот. Хечбекот, кој освен во Јапонија, се произведува и во Велика Британија и САД, нема да добие директен наследник, а неговото место во гамата на марката ќе го заземе компактен кросовер, воден целосно од струја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП