1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАS&P го намали рејтингот на Аргентина

S&P го намали рејтингот на Аргентина

standard1

Американската рејтинг агенција „Standard & Poor’s“ (S&P) го намали, и онака, нискиот кредитен рејтинг на Аргентина за еден степен на ниво „CC+“.

Кредитниот рејтинг е намален откако таа земја го изгуби случајот на судот во Њујорк во врска со отплатата на нејзиниот долг.

„Ваквата пресуда на судот во Њујорк, на која Аргентина поднесе жалба пред Врховниот суд на САД, може да резултира со прекин на исплатата на обврзниците или да ја поттикне Аргентина да започне процес за замена на долгот, што според наше мислење би можело да биде штетно“, се наведува во соопштението на „S&P“, а пренесува Франс прес.

„Доколку нешто од тоа се случи, агенцијата ќе мора повторно да го намали рејтингот на таа земја и тоа на ниво на селективен банкрот. Прогнозата на Аргентина е негативна и е одраз на нашиот став околу зголемените ризици по сервисирањето на долгот“, се додава во соопштението на „S&P“.

Американскиот Апелационен суд на 23 август и нареди на Аргентина да им исплати на заштитените фондови 1,47 милијарди долари за државниот долг од 2001 година кога таа земја банкротираше.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП