Повеќе од 50 отсто од анкетираните жители на Русија сметаат дека Кина е најголемиот пријател на Русите. Ова го покажува анкетата на агенцијата за истражување на јавното мислење VCIOM.
Таа покажува дека 55 отсто од испитаниците ја означуваат Кина како нивен најголем пријател, а потоа следуваат Белорусија и Индија. На листата на најдобри пријатели на Руската Федерација се и Турција, Србија, Казахстан и Иран.

