28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTesco поради загуба заминува од САД

Tesco поради загуба заминува од САД

tesco1

Британската компанија „Tesco“ која управува со еден од најголемите светски ланци на супермаркети соопшти дека ги прекинува своите активности во САД.

Компанијата го напушта тој пазар бидејќи нејзиното работење во САД и носи само загуба, пренесува „BBC“.

Некои продавници на компанијата, кои во САД го носат името „Fresh and Easy“, ќе бидат преземени од страна американската инвестициска компанија „Yucaipa Companies“, а останатите ќе бидат затворени.

Како што наведува „BBC“, „Tesco“ не сака да го продолжи својот бизнис во САД, каде неговата загуба достигнала 250 милиони долари.

Плановите за прекинување на работењето биле објавени уште на почетокот на оваа година, кога станало јасно дека вкупниот годишен приход на компанијата е намален за прв пат во 20 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП