16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШолц: Германија ќе ја преживее зимата и без руски гас

Шолц: Германија ќе ја преживее зимата и без руски гас

Германија веројатно ќе ја преживее зимата без криза дури и ако запре испораките на руски гас, изјави денеска канцеларот Олаф Шолц, додавајќи дека земјата би можела да ги искористи своите резерви на гас и да добие повеќе испораки од Норвешка или Холандија.

Владата презеде рани мерки на претпазливост против таква криза со полнење на складишта за гас и изградба на терминали за течен природен гас, рече Шолц на митингот во градското собрание на Есен, објави „Ројтерс“.

„Дури и да се стегне, веројатно ќе ја преживееме зимата“ – рече Шолц, повторувајќи ја својата поддршка за гасоводот од Шпанија преку Франција до остатокот од Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП