Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,88 отсто во однос на одлуката од 29.8.2022 година.
Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се намалија за 2,00 денари/л.
Малопродажните цени на „евродизелот“ (Д-Е V), на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на мазутот М-1 НС не се менуваат.
Од 2.9.2022 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:
Моторен бензин „евросупер БС -95“ – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво „евродизел БС“ (Д-Е V) – 101,50 (денар/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 97,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 53,955 (денари/килограм)