15 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродолжува рекордниот раст на инфлацијата во еврозоната (ИНФОГРАФИК)

Продолжува рекордниот раст на инфлацијата во еврозоната (ИНФОГРАФИК)

Инфлацијата во еврозоната продолжува да достигнува рекордни нивоа. Последните пресметки на Европскиот завод за статистика предвидуваат годишна стапка на инфлација од 9,1%.

Августовските прогнози покажаа дека цените на храната, алкохолот и тутунот, неенергетските произведени стоки и услуги пораснаа од јули, кога годишната инфлација во еврозоната беше предвидена на 8,9%.

Августската проценка на Евростат покажува дека енергетската инфлација е 38,3%, наспроти 39,6% во јули. Конкретно, во Естонија и Холандија, инфлацијата значително порасна во август, односно за 2% повеќе од податоците од претходниот месец.

Во меѓувреме, во Британија, инфлацијата во јули се искачи на највисоко ниво во последните 40 години од 10,1 отсто, соопшти Организацијата за национална статистика (ONS).

Зголемувањето на цените на храната беше најголемиот придонес за годишните стапки на инфлација меѓу јуни и јули, соопшти британската канцеларија за национална статистика, во услови на највисок пораст на инфлацијата од 1982-ра година.

Инфлацијата во еврозоната се зголеми од 7,4 отсто во април, бидејќи цените на енергијата и храната продолжија да растат во Европа, процес што делумно беше поттикнат од руската војна во Украина.

Ако ја погледнеме прелиминарната проценка објавена на 31-ви август, таа е највисока од почетокот на евиденцијата за еврозоната во 1997-ма година.

Секој агол на континентот се соочува со пораст на цените, при што очекуваното економско закрепнување на Европа од пандемијата на коронавирусот е попречено од голем број фактори.

Русија, од своја страна, се соочи со инфлација од 15,1% за месец јули, што е намалување од 17,1% во мај.

Еве како изгледа стапката на инфлација во секоја земја во Европа:

Во Бугарија инфлацијата е 14,4%, во Романија – 13,76%, во Грција – 11,1%, во Македонија – 10,5%, во Србија – 9,6%.

Тогаш нивото на инфлација во низа други европски земји беше пониско отколку кај нас. Така е со Хрватска, Унгарија, Австрија, Германија, Франција (само 6,5%) итн.

Следејќи ги стапките на своите колеги од други места во светот, Европската централна банка ги зголеми каматните стапки за прв пат по 11 години за сума поголема од очекуваната. Овој чекор предизвикува низа нови прашања. На пример, дали зголемувањата на кредитите ќе ги втурнат големите економии во рецесија во обид да ги намалат цените за луѓето кои трошат повеќе на храна, гориво и сè друго. Затоа експертите очекуваат ново зголемување на каматите во септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП