2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстрија на второ место по инвестиции во Македонија

Австрија на второ место по инвестиции во Македонија

securedownload

Трговското одделение при Австриската Амбасада во Република Македонија го спроведе првото истражување на бизнис климата меѓу австриските компании кои работат во Македонија. Истражувањето е спроведено од јуни до средината на јули 2013 година. Целна група на истражувањето беа менаџерите на австриските компании во Македонија. Стапката на одговор на анкетата е многу висока (64%).

 

Според најновата официјална статистика на Народната банка на Македонија, вкупниот износ на австриските директни инвестиции во земјава изнесува 485 милиони евра до крајот на привиот квартал на 2013 година. Затоа, Австрија е еден од најголемите инвеститори во Македонија и се наоѓа на второто место по Холандија. Следуваат Грција, Словенија и Унгарија. Во Македонија се основани повеќе од 45 претријатија со австриски капитал.

 

„Австрија е втор странски инвеститор во Македонија и е активен во многу индустрии. Австриските компании ја оценуваат атрактивноста на Македонија како задоволителна или добра дестинација за директни странски инвестиции. Сепак, австриските компании сакаат да видат подобрувања во делот на плаќањата на јавните и приватните институции, повеќе безбедност за инвестициите и намалување на бирократијата“. Доколку овие желби се исполнат од страна на македонската влада, сигурен сум дека уште многу австриски компании ќе инвестираат во Македонија“, вели г-дин Герхард Шлатл, шеф на Трговското одделение при Австриската амбасада во Скопје.

securedownload (1)

Според Питар Зајдек, главниот финансиски директор на операторот ВИП во Македонија, Владата презела импресивни чекори за да се поттикнат инвестициите, но потребно е да се поттикне импулсот.

 

„Прекумерната регулација ги блокира иновациите и инвестициите кои се потребни за да се овозмои услуга базирана на економија. Покрај тоа, кратењето на бирократијата и   драконските парични казни се суштински за Македонија, исто како и брзината и независноста на судствоо“, објаснува Зајдек.

 

Зоран Нарашанов, претседател на Управниот одбор на Винер, е еден од испитаниците во истражувањето кое го спроведе Трговското одделение при Австриската амбасада.

 

„И покрај тоа што Македонија е мал пазар, компанијата Винер успешно оперира во земјава бидејќи ние ги ставаме нашите клиенти на прво место, посебно со нашиот claim settlement services/ Поради ова, економските изгледи за 2-014 година се одлични“, објаснува Нарашанов.

 

Клучни резултати од истражувањето:

 

  • Австриските претријатија во Македонија, претежно, дејствуваат во услужниот сектор.
  • Австриските компании се релативно песимистични за општата економска ситуација во Македонија, иако имаат пооптимистични погледи за 2014 година.
  • Австриските компании во Македонија изразуваат оптимизам во поглед на ситуацијата во нивниот сектор и економската ситуација во секторот. Оваа година, многу од нив инвестираа повеќе и вработија повеќе работници отколку во 2012 година.
  • Австриските претријатија, ја оценуваат aтрактивноста на Македонија како дестинација за странски директни инвестиции, претежно како задоволителна или добра
  • Во однос на општите услови за работа, најголемите разлики меѓу очекувањата и реалноста се јавуваат во областите како „култура на плаќање“, инфраструктура и борбата против корупција.

Трите најголеми приоритети на австриските претпријатија кои се однесуваат на Македонската Влада се намалување на бирократсите процедури, заштитата и грижата за инвеститорите и подобрување на инфраструктурата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП